Приказната започнува есента 2010-та, кога, по напуштањето на Sound Pollution гитаристот Небојша Тодоровски решава да формира нов бенд. Заедно со тапанарот на метал бендот Cursed Heart, Стефан Ордевски и перкусионистот Филип Станчевски започнуваат со проби во едно таванско катче на периферијата. Потрагата по басист ќе ги доведе до искусниот Зоран Зафировски (ex Gustaffs, Paper Dolls, Scyla), а поставата ќе биде заокружена со влегувањето на младиот гитарист Милош Димитријевиќ. Од тој момент па до нивното прво појавување како предгрупа на норвежаните Samuel Jackson Five во кумановскиот…
read more