Date
Friday 9 April 2010 at 9:00pm
Location
MKC
Кеј Димитар Влахов 66,
Skopje,
1000,
Macedonia
Tel: +389-(0)2-3115225
Web: http://www.mkc.mk
Description
По гостувањето на јапонскиот квартет Mono, на обострано задоволство, соработката помеѓу Младинскиот културен центар во Скопје и Плагиј.ат продолжува. Следува гостување на уште еден возбудлив бенд, чиј настап дефинитивно нема да ве остави рамнодушни. Среќни сме што можеме да го најавиме концертот на хрватскиот музички состав Pips, Chips & Videoclips кој ќе се случи на 09.04.2010 во денсинг салата во МКЦ. Воедно, ова ќе биде одличен повод за светска премиера на новото озвучување и осветлување во Младинскиот културен центар. Почетокот на настанот ќе биде во 21.30 часот, а цената на влезниците е 200 денари во периодот од 15.03 до 22.03., 300 денари од 23.03. до 08.04. и 400 денари на денот на концертот. Влезниците ќе може да се набават на билетарата во Младинскиот културен центар или да се резервираат на bileti@mkc.mk.
Концертот на Pips, Chips & Videoclips е дел од off програмата на првиот креативен фестивал за велосипеди - Велофест.
Балканската музичка сцена не може да се пофали со голем број бендови што имаат успешна кариера надвор од регионот, но Pips, Chips & Videoclips веќе 18 години работат во Хрватска и свират во Германија, Ирска и во Велика Британија. Важат за единствена појава на домашната сцена, во исто време стилски разнолични, тематски провокативни и визуелно атрактивни - претставуваат вистински пример на модерен поп-состав. Во својата долгогодишна кариера, имаат издадено шест студиски албуми: Shimpoo Pimpoo (1993), Dernjava (1995), Fred Astaire (1997), Bog (1999), Drveće i rijeke (2003) и Pjesme za gladijatore (2007). На последните два, Pips, Chips & Videoclips остварија исклучително значајна соработка со Dave Fridmann, човекот чиј потпис стои на плочите на Mercury Rev, The Flaming Lips, Mogwai, Sigur Rós и многу други. Fridmann е избран за еден од 100-те звучни визионери на сите времиња според магазинот Mojo. Освојувачи се на огромен број на дискографски награди и важат за еден од најинвентивните хрватски состави.
Кариерата на Pips, Chips & Videoclips доживува голем пресврт во моментот кога Фафенштајн едногласно е прогласен за митско место, а тие, дотогаш изгубените цицачи се метаморфозираат во Астронаути – убави, храбри и паметни спасители на Космосот. Така започнува мисијата Фафенштајн, најмистериозната и најдубиозната мисија во историјата на вселената. Добро е, тие конечно пристигнаа! Сега можеме да им оставиме да го “поправаат светот” како што знаат и умеат. И кога некогаш ќе ги видиш, патнику намернику, не се плаши да им пријдеш. PC&VC спејс шатлот го обиколува светот!
Line-up (1)
Don't want to see ads? Upgrade Now