Don't want to see ads? Upgrade Now

Date

Sunday 10 May 2009 at 9:30pm

Location

Castro
Skopje, Macedonia

Web:

Show on map

Buy Tickets

Description

Навистина уживавме во подготовките на овој настан. Сепак, некои работи се надвор од нашата контрола. Кога веќе почнавме да ги одбројувавме деновите до двојната програма во Кастро, од менаџментот на Швеѓаните ни стигна информација дека Jeniferever ја откажува турнејата заради трагичен случај во семејството на еден од членовите на бендот.
Покрај концертот во Скопје, откажани се и концертите во Виена, Марибор и Белград кои требаше да бидат дел од нивната мини турнеја.

07.05.2009 A - Wien, Vorstadt abgesagt
08.05.2009 SL - Maribor, Satchmo abgesagt
09.05.2009 S - Belgrad, Grad abgesagt
10.05.2009 MZ - Skopje, Castro abgesagt

Добивме ветување дека истите ќе бидат реализирани во октомври, па не ни останува ништо друго освен да чекаме.
Но, нема место за паника. Монотоноста на неделна вечер со својот настап ќе ја размрдаат String Forces. Сигурен сум дека нема потреба дополнително да се опишуваат нивните живописни концерти.
Цената на влезницата ќе изнесува 150 денари, а почетокот на свирката е закажан за 21.30 часот.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------

Бендовите се најдраги кога човек е уверен дека ги открива прв, т.е. до нивната музика дошол пред мнозинството да ја разграба. Шесторката од Упсала, Jeniferever, веројатно е една од неколкуте извонредни тајни на шведската музичка сцена што само чекала да биде откриена. За среќа, на Plagijat тоа му се случи пред извесно време, таман во периодот кога се коваа планови за балканска турнеја на составот.
Во нејзини рамки, на 10 мај, групата ќе настапи во скопскиот клуб Castro. Нивното гостување уште посебно го прави фактот што на истата бина вечерта ќе свири и String Forces, едно од најпрогресивните имиња на домашната алтернативна сцена. Настанот е специјален и поради фактот што обата состава ќе се претстават со целовечерни сетови, што значи публиката ќе добие два концерта во едно пакување. Jeniferever најголем дел од изведбата ќе посвети на промоција на темите од последното цеде Spring Tides што излезе на почетокот на април, додека String Forces ќе ја претстави новата постава и освежениот насока на нивниот стил. Повеќе детали за обата бенда има подолу во најавата.

Убавината, најчесто, најлесно, но и најповршно, се забележува кога има физичка форма, кога може да се види и допре. Jeniferever, составот од Упсала, Шведска, што на 10 мај ќе настапи во клубот Castro, со музиката што ја создава, го разорува овој стереотип на милион ситни парчиња. За нив, како и за бендови од калибарот на Mogwai, Sigur Rós или The Album Leaf, убавината е амалгам од епски инструментални сегменти, милозвучни вокали и питоми ритми.
Гледано од широкоаголен објектив, четворката што работи заедно од средината на 90-тите, свири пост-рок, но доколку го разложите нивниот стил, ќе забележите амбиентален инди-рок, дрим-поп, шугејз, а дури и елементи од популарниот звук типичен за Шведска (ABBA, ама со, обратен, меланхоличен емотивен прелив). Четирите ЕП-изданија на групата (Chronicles of Omega, Jeniferever, Iris и Nangijala) и двата лонгплеј-албума (Choose a Bright Morning и Spring Tides) укажуваат оти квартетот одлично би се поврзал со фановите кои од својата музичка колекција најмногу почитуваат имиња како Godspeed You Black Emperor!, Jesu, Eluvium, Radiohead, Tortoise заедно со The Jesus and Mary Chain и The Cure.
Настрана непобитниот авторски квалитет, Jeniferever е опако стегнат лајв-состав што од 2002 до денес одржа над 250 концерти ширум Европа. Четворката, надополнета со уште двајца музичари, во Скопје ќе го промовира второто цеде, Spring Tides, што официјално излезе на 13 април преку Monotreme Records. Клубот Castro ќе биде местото каде што убавината на албумот ќе добие жива форма - медитативна или физичка, тоа ќе биде најмалку важно.

Парчиња од рецензии за новиот албум на Jeniferever:

Drownedinsound.com - 8/10
- Spring Tides е изданието што Jeniferever без сомнение го градеа во изминативе 13 години. Таа е епохален момент што вредеше да се чека и ви го остри апетитот за тоа каде ќе ги одведе следното истражувачко патување. (подетално: http://drownedinsound.com/releases/14296/reviews/4136687)

Musicomh.com - 4/5
- А сега е време да се напушти светот на Jeniferever. Едно три секунди, додека не го земете далечинското и сè стартувате од почеток. Овие "пролетни плими и осеки" заплиснуваат во место што е преубаво за да се напушти. (подетално: http://www.musicomh.com/albums/jeniferever_0409.htm)

Theskinny.co.uk - 4/5
- Потресен, сјаен и целосно фасцинантен, Spring Tides е еден од оние ретки албуми во кои можете безусловно да се изгубите себеси. (подетално: http://www.theskinny.co.uk/article/45323-jeniferever-spring-tides)

Линкови:
MySpace Profile: http://www.myspace.com/jeniferever
Monotreme Records Page: http://www.monotremerecords.com/jeniferever/jeniferever.php
Wikipedia Article: http://en.wikipedia.org/wiki/Jeniferever

String Forces е вистински камелеон на домашната алтернативна сцена. Целосно независен уште од основањето во 1995 година, бендот досега објави три студиски албуми што перфектно ја прикажуваат природната (и логична) еволуција на неколкуте музичари што гравитираат околу малата и харизматична етикета и студио, Profundus. Изведбата со Jeniferever во Castro, на извесен начин, ќе биде прва јавна презентација на уште едно ново поглавје во историјата на скопската група.
String Forces на свирката ќе ја запознае публиката со дел од песните што ќе се најдат на четвртото цеде на составот, следбеникот на Silky Way од 2006. Бендот, што во 1998 година го објави селф-тајтлд-дебито, а во 2002 го промовира "Изохронија", по овој концерт се затвора во студио за да ги сними нумерите од дискот чие излегување е планирано за наесен. Единствена активност за групата дотогаш ќе биде промоцијата на уште еден видеспот од "Свиленкаст пат".
Ако на ова цеде String Forces го засили присуството на дигиталното во својот израз, за потребите на неговиот следбеник бендот пак се враќа на првичната форма, со комплетна лајв-постава и засилувачи. Секако, тие ги задржуваат препознатливите прог-рок и традиционално-македонски мотиви, но звукот одново е надграден со свежи и возбудливи елементи. Токму затоа, настапот на String Forces со Jeniferever веројатно ќе остане запаметен како уште една пресвртна точка во кариерата на групата што е отелотворение на термини како независни, интелигентни, напредни и уште низа други што се употребуваат за најискрените уметници.

http://www.myspace.com/theforceofstrings
http://www.allaboutjazz.com/php/article.php?id=24345

Line-up (1)

Don't want to see ads? Upgrade Now

30 went

2 interested

Shoutbox

Javascript is required to view shouts on this page. Go directly to shout page

Don't want to see ads? Upgrade Now

API Calls

Scrobble from Spotify?

Connect your Spotify account to your Last.fm account and scrobble everything you listen to, from any Spotify app on any device or platform.

Connect to Spotify

Dismiss