歌詞
Го сонував овој чуден ден
Но барав друго значење
Симболика и одлука на тие тешки прашања
Го пронајдов твојот карактер
Во главна улога во филм без реплики
Само молчиш, постоиш
Мојот пекол не си ти
Ајде запливај во јад
Ајде оди во друг град
Носи ги мислите со себе
По друга река нека пловат
Пробај да се осудиш
Пробај да се осмелиш
Да се смееш, радуваш
Да патиш, самуваш
Пробај разочарај ме
Пробај осуди ме на слобода
Нека боли, убива
Нека прогледа
Стојам пред градот што ме роди
Жалам другар, те оставам
За подобро или не, немам одговор на сè
Се плашам дека кажав сè
Се плашам дека кажав сè
Се плашам дека кажав сè
Се плашам дека кажав сè