Skip to
YouTube video

Loading player…

Biography

Приказната започнува есента 2010-та, кога, по напуштањето на Sound Pollution гитаристот Небојша Тодоровски решава да формира нов бенд. Заедно со тапанарот на метал бендот Cursed Heart, Стефан Ордевски и перкусионистот Филип Станчевски започнуваат со проби во едно таванско катче на периферијата. Потрагата по басист ќе ги доведе до искусниот Зоран Зафировски (ex Gustaffs, Paper Dolls, Scyla), а поставата ќе биде заокружена со влегувањето на младиот гитарист Милош Димитријевиќ. Од тој момент па до нивното прво појавување како предгрупа на норвежаните Samuel Jackson Five во кумановскиот клуб Wire, поминуваат шест месеци на напорно творење и усвирување, во потрага по некаков свој стил, кој истовремено ќе ги сублимира нивните различни музички вкусови и сваќања.
Звучната карта на Хипнополис се темели врз суровиот гитарски звук, на моменти со прилично дрски гитарски експериментирања (Sonic Youth, Jesus and Mary Chain, Dinosaur Jr., Ласт Експедишн и други), но без претерани одлепувања од тлото и психоделични излети, туку напротив, отворено кокетираат со проверени поп елементи во стилот на Bowie , The Cure или Placebo. Во една таква звучна амбалажа, Хипнополис пакуваат кирилични стихови за љубовта и омразата, животот и смрта, индивидуата и толпата.

Edit this wiki

API Calls