A new version of Last.fm is available, to keep everything running smoothly, please reload the site.

Apr 27

Зелената Арка за Серменин - Добротворен концерт

Featuring Бојан Петков, CANON and 6 more artists at MKC

Date

Friday 27 April 2012Friday 27 April 2012

Location

MKC
Кеј Димитар Влахов 66, Skopje, 1000, Macedonia

Tel: +389-(0)2-3115225

Web:

Show on map

Description

Исплакнатите неучници од Зелената Арка по долгогодишни истражувања увидоа една невообичаена психофизичка појава, која се одвива во човечкиот метаболизам, за време на престојот во атарот на едно село што се наоѓа во подножјето на планината Кожуф и чие име е Серменин.
Појава од ваков вид до сега не е забележана никаде на друго место во светот. Станува збор за спонтаната синтеза на хармонот Серменин. Овој хармон се создава при спојувањето и рекомбинацијата на хормоните допамин, серотонин и ендорфин, а процесот трае додека се престојува во истоименото село. Серменин е хармон, а не обичен хормон, зашто хемиската градба на молекулот е всушност прилично долга верига од погоре споменатите хормони што постојано се растегнува како хармоника, при што ги хармонизира сите психофизички процеси и создава чувство на благосостојба. Серменинот е неопходен за правилниот психофизички растеж и развој на луѓето, зашто го олеснува разложувањето на отуѓеноста и ги зацврстува природнинските врски.
Хармонот Серменин се излачува со најголем интензитет во зградата на поранешното основно училиште во селото Серменин. Полезното дејство на Серменинот се чувствува во радиус од околу пет километри од локалитетот.
Затоа Зелената Арка го одбра токму ова место за основање на првиот Образовно истражувачки центар за Пермакултура во Р. Македонија.
По тој повод, на 27.04.2012 со почеток во 17 часот, во Младинскиот културен центар ќе се одржи добротворен концерт. Со средствата собрани од концертот ќе се започнат реконструктивните зафати за обнова на поранешното основно училиште во Серменин, каде што ќе биде основан првиот центар за пермакултура во Р. Македонија.

Целосната програма изгледа вака:

17:00 Работилница - Спирала со билки
19:00 Образовен филм - „Вовед во пермакултурен дизајн“
20:00 Изложба на фотографии и промоција на брошури за Пермакултура
20:30 Концерт

На концертот настапуваат:

Бојан Петков
Лоши Деца
Подземан ефект
Conquering Lion
Canon
Bernays Propaganda
Sethstat
Noitu


Картите во претпродажба може да се купат во 1/2 Југотон и Ла кања по цена од 150 денари, а потоа на 27 април за 200 на влезот од МКЦ.

Line-up

API Calls